Џенифер Аркури (35), деловна жена од Америка, изнесе сочни детали за страсната четиригодишна врска со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон (56), додека тој бил градоначалник на Лондон. Аферата Аркури-Џонсон и претходно ги полнеше страниците на британските и светските медиуми.

Сега Аркури за „Сандеј мирор“ потврдува дека од 2012 до 2016 година била во врска со Џонсон, кој во тоа време бил во брак.

Како што открива Американката, таа и сегашниот британски премиер се запознале на настан на кој тој држел говор во 2011 година, кога таа била студентка. Се сретнале откако таа почнала да волонтира во неговата изборна кампања.

Аркури открива дека првпат имале сексуален однос на церемонијата на отворањето на Параолимписките игри 2012 година, по што тој отишол да седне до тогашната сопруга Марина, принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и до принцезата Ана.

Аркури потоа редовно се состанувала со Џонсон во нејзиниот стан во Лондон, каде што имале секс, а често разменувале и сексуални пораки. Како што раскажува, таа му испраќала сочни топлес фотографии во текот на четиригодишна романса.

Бевме во интимна врска четири години. Го сакав и тоа со добра причина – вели Аркури.

Таа се сеќава дека при нивниот прв состанок, Џонсон позајмил од неа 3,5 евра за да купи пиво, а со недели подоцна ја молел да го бакне на улица.

Му реков, господине градоначалник, јас не бакнувам политичари на улица. Тој додаде дека ова е негов град и дека не му е грижа – вели Американката.

Тие имале заемна „физичка и интелектуална привлечност“, го сакале Шекспир, таа му го дала кодното име Александар Велики, а вели дека Џонсон ги сакал нејзиното тело и ум и дека не можел да ги држи рацете подалеку од неа.

Спорните повластици од премиерот

Деталите за „блиското пријателство“ меѓу Аркури и Џонсон првпат беа објавени во 2019 година, кога се дозна дека таа го придружувала во три трговски мисии, а кои биле финансирани од даночните обврзници. Дел од аферата е и спорното работење на компанијата на Аркури и јавните тела.

Како што пишуваше „Сандеј тајмс“, имало индикации дека Џонсон, како градоначалник, ѝ обезбедувал одредени повластици на нејзината компанија, конкретно 126.000 јавни пари и учество во три заеднички политички деловни мисии. Случајот беше под полициска истрага. Аркури за „Сандеј мирор“ вели дека тој испаднал „кукавица и млитавко“, бидејќи не стоел до неа додека биле актуелни обвинувањата за нејзиното спорно учество во мисиите.

Џонсон сега е во врска со Кери Симондс, со која се всели на Даунинг стрит 10 во 2019 година и така стана првиот премиер во британската историја кој животот во резиденцијата со невенчан партнер. Двојката има и син.

Џонсон, токму поради врската со Кери, се разведе од поранешната (втора сопруга) Марина Вилер, со која беше 25 години и со која има четири деца. Врската на Кери и Џонсон имаше скандали, а полицијата во еден наврат реагираше поради расправија што се случила во нивниот поранешен дом.

Контроверзниот Џонсон, поради љубов кон друга, овојпат Марина,  ја остави и својата прва сопруга Алегра Мостејн Овен, која му беше љубов од студентските денови на Оксфорд.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.