Литванската гранична служба уапсила 171 лице на илегален мигрантски премин на границата со Белорусија. Со овие приведени луѓе, вкупниот број на притворени мигранти во Литванија во текот на 2021 година се зголеми на 3.027.

Литванската гранична служба соопшти дека групата приведени мигранти, наводно од Ирак, ќе бидат сместени во веќе и онака преполнетиот притворски центар за имиграција.

Откако Европската Унија воведе нови санкции кон белоруските власти, Литванија почна драматично и забрзано да се полни со илегални имигранти.

Во јули се приведени околу 2.366 мигранти, во споредба со 473 во јуни или вкупно 81 во текот на целата 2020 година.

Литванија ги обвини белоруските власти за организирање на илегалните преминувања преку границата на луѓе од Блискиот Исток и Африка.

Агенцијата за гранична контрола на Европската Унија (Фронтекс) вети дека ќе ја засили поддршката за Литванија за да помогне во запирање на пристигнувањето на мигрантите.

Литванските власти веруваат дека повеќето луѓе кои се обидуваат да влезат во земјата патувале во Минск со еден од четирите неделни летови од Ирак, носејќи до 500 патници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.