Линдзи Хојл е избран за нов претседател на британскиот парламент. Тој вети дека дискусиите во врска со излегувањето на Велика Британија од Европската Унија ќе се водат смирено, пренесува „Гардијан“.

Покрај Хојл, за оваа функција се бореа и Елеонор Линг, која исто така е заменик претседател на Собранието и пратеникот на лабуристите Крис Брајант.

Досега на оваа функција беше Џон Беркоу, кој во септември најави дека ќе поднесе оставка. Беркоу беше претседател на британскиот парламент повеќе од 10 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.