Еден од лидерите на движењето „Жолти елеци“, Џером Родригез остана без едно око, откако бил погоден со гумен куршум испукан од полицијата во Париз, за време на вчерашните протести. Неговиот адвокат потврди дека Родригез ќе може да гледа само на едно око и најави тужба против полицијата.

Филип де Вуил, адвокатот на Родригез, тврди дека полицијата користела Flash-Ball, оружје за разбивање на немири произведено во Франција, а кое, меѓу другото, користи гумени проектили со калибар од 40 милиметри.

Инспектори го истражуваат инцидентот откако полицијата инсистирала на тоа дека повредите на Родригез биле предизвикани од шок граната за контрола на толпата која експлодирала во негова близина, а оваа верзија на настаните адвокатот категорично ја одбил. Полицијата ја обвинуваат за дузина повредени протестанти со Flash-Ball.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.