Либанските власти денеска најавија дека ќе воведат ноќен полициски час за невакцинираните пред почетокот на божиќните празници.

Според либанскиот министер за здравство Фирас Абијад тоа е една една од мерките за запирање на неодамнешниот пораст на зголемениот број инфицирани со Ковид-19 и мерка на претпазливост поради појавата на новиот сој Омикрон.

Либан нема регистрирано ниту еден случај на инфекција со Омикрон, но малата земја се соочува со сериозна финансиска криза и е загрижена дека нејзиниот здравствен систем нема да може да се справи со новозаболени лица.

Одборот за справување со Ковид-19 сака да избегне воведување на целосно затворање и се надева дека ќе поттикне вакцинација на повеќе луѓе, истакна Абијад.

Поради новите мерки до 10 јануари е задолжителна целосна вакцинација на службениците од јавната адмнинистрација и безбедносниот сектор, припадниците на армијата и вработените во здравството, образованието и туризмот. Абијад предупреди дека во спротивно ќе останат без работа.

Либан минатата недела регистрира пораст на новозаболени лиза за 34 проценти, со повеќе од 1.000 нови инфекции дневно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.