Кандидатот на радикалната левица, Педро Кастиљо, е прогласен за победник на претседателските избори во Перу, повеќе од еден месец по вториот круг во кој негова противкандидатка беше Кеико Фуџимори.

Го прогласувам Хозе Педро Кастиљо Теронес за претседател на Републиката – изјави претседателот на Изборната комисија Хорхе Луис Салас на кратката виртуелна церемонија.

По пребројувањето на 100 проценти од гласачките ливчиња, 51-годишниот Педро Кастиљо освоил 50,12 проценти од гласовите, а 46-годишната Фуџимори 49,87 проценти од гласовите.

Непосредно пред официјалното објавување на конечните резултати, Фуџимори, која претходно навести дека нема да ја признае победата на својот противник, сепак, го стори тоа бидејќи, како што рече, тоа од неа го бара „Уставот на кој таа се заколнала дека ќе го брани“.

Кастиљо ќе стапи на должност на 28 јули кога истекува мандатот на сегашниот претседател Франциско Сагасти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.