Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го обвини холивудскиот актер Леонардо ди Каприо дека плаќал за да се палат шумите во Амазонија во Бразил.

Болсонаро немал докази за ваквото тврдење, а актерот, пак, го отфрлил како лага.

Овој Леонардо ди Каприо е баш кул лик, зар не? Дава пари за палење на Амазон. Тоа што го прави е лесно. Невладините организации ќе ги запалат шумите, па се сликаат, ќе направат видео и ќе почнат кампања против Бразил. Ќе му се јават на Ди Каприо и тој ќе им даде 500.000 долари. Ди Каприо и ти го поттикнуваш палењето на Амазон, порача Болсонаро, познат по шокантните изјави во кои ги навредува познати политичари и ѕвезди.

Во екот на пожарите Болсонаро не ја прифати помошта од франција и го нападна претседателот на Франција Емануел Макрон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.