Шефот на чешката лекарска комора, Милан Кубек, остро се спротивстави на плановите на Владата за ублажување на одредени рестриктивни мерки, воведени со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

Кубек нагласува дека епидемијата се забрзува и се движи до границата на капацитетот на здравствениот систем на земјата.

Планот за намалување на рестрикциите доаѓа откако министерот за индустрија и трговија, Карел Хавличек, предложи продавниците и трговските центри да бидат отворени од понеделник, но под строги услови.

Сепак, лекарите велат дека болниците се близу до максимално исполнување на капацитетите кога станува збор за прием на пациенти заразени со корона вирус и местата на интензивна нега.

Министерот за здравство, Јан Блатни, вчера истакна дека болниците низ целата земја ќе бидат преполни за две-три недели со пациенти со Ковид-19, а тоа ќе ја принуди државата да побара помош од странство и болниците да бидат приморани да бираат кои пациенти ќе ги лекуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.