Организацијата Лекари без граници соопшти денеска дека стравуваат дека брод со повеќе од 100 мигранти потонал во близина на брегот на Либија.

Имаме многу причини да стравуваме дека се случило најлошото и дека се изгубени повеќе од сто животи, соопштија од организацијата на Твитер.

Либиската крајбрежна стража се уште не соопшти ништо за инцидентот.

Брод со 250 луѓе, претежно од Еритреја, потона минатиот месец источно од Триполи – 134 од нив се спасени, додека 115 се сметаа за исчезнати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.