Претседателката на француската десничарска партија Национално собрание, Марин Ле Пен, рече дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е враќање на слободата и дека тој настан е неуспех за Брисел.

Велика Британија конечно ја врати својата слобода. Брегзит е страшен неуспех за ЕУ. Велика Британија штотуку ја тресна вратата пред носот на Европската Унија – им рече Ле Пен на новинарите во Лил.

Според неа, во наредните месеци ќе се види дека одлуката на Велика Британија била исправна, додавајќи дека ЕУ треба да се фокусира на трансформација во сојуз на нации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.