Францускиот весник беше принуден да се извини за насловната страница од саботата со која наводно, била направена визуелна паралела меѓу претседателот Емануел Макрон и Адолф Хитлер, пишува британски „Телеграф“..

На насловната страница „Ле Монд“ помести комбинирана црно-бела фотографија на францускиот претседател и демонстранти од „жолтите елеци“ кои се движат кон Триумфалната капија.

Читателите изразија огорченост на социјалните медиуми потсетувајќи на сличноста со една друга фотографија во „Харпер магазин“ од пред една година на која се Хитлер и толпа народ која го поздравува со нацистички поздрав.

„Ле Монд“ инсистираше на тоа дека немало никаква намера да се направи било каква сличност на францускиот претседател со нацистичкиот водач.

Главниот уредник, Лук Броннер, во тој контекст напиша: „Им се извинуваме на оние кои беа шокирани од графичките дизајн кој очигледно не кореспондира со критиката што ја добивме“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.