Градоначалниците на неколку европски метрополи беа измамени да учествуваат во видео повик со градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Градоначалничката на Берлин Франциска Гифи во петокот учествуваше во закажаното интервју на платформата за видео конференции Webex со личност за која рече дека изгледа и звучи како Кличко.

„Немаше знаци дека видео-конференцијата не била одржана со вистинска личност“, се вели во соопштението од нејзината канцеларија.

Дури по 15-тина минути наводниот градоначалник на Киев од другата страна на линијата почна да зборува за проблемот со украинските бегалци кои ја мамат германската држава, а потоа Гифи се посомнева. Кога врската накратко била прекината, кабинетот на градоначалникот на Берлин го контактирал украинскиот амбасадор во Германија, кој преку властите во Киев потврдил дека лицето во видеоповикот не е вистинскиот Кличко, пишува весникот „Шпигел“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.