Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека напнатоста во односите меѓу Русија и САД се далеку од слични на оние за време на кубанската ракетна криза.

Лавров се осврна за времето кога двете глобални суперсили беа на работ на нуклеарна војна.

Мислам дека историските паралели од овој вид не се соодветни. Сегашната воена и политичка ситуација во светот навистина има сличности со периодот на Студената војна, но има и големи, фундаментални разлики – изјави Лавров.

Како што пренесува руската агенција Тасс, Лавров додава дека односите меѓу Русија и САД сега се далеку од најниската точка за време на кубанската криза во 1962 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.