Русија ќе протера 10 американски дипломати од земјата, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Руската Федерација денеска ќе објави имиња на осум американски официјални лица вклучени во рускиот список за санкции. Русија, исто така, ќе предложи 10 американски дипломати да ја напуштат Москва- рече шефот на руската дипломатија.

Руската Федерација, исто така, ја почна постапка за прекинување на праксата за вработување руски државјани и државјани од трети земји да работат во американските дипломатски мисии во земјата, додаде тој.

Руската Федерација реагираше позитивно на идејата за самит со САД и во моментов ги разгледува аспектите од таквата средба – рече министерот Лавров.

Според него, американските обвинувања за наводни плаќања од Руската Федерација до Талибанците за убиства на американски војници се „шпекулации и фобии“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.