Москва не ја отфрлува можноста за прекинување на врските со Европска унија доколку Брисел воведе санкции кои би ја загрозиле руската економија, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Тој во интервју за Соловјев каналот на ЈуТјуб истакна дека не сака Русија да се изолира од светот, но оти се подготвени на прекин на односите со ЕУ.

Веруваме дека сме поготвени. Ако уште еднаш видиме, како што досега видовме многу пати, да се воведат санкции во области кои ѝ нанесуваат штета на нашата економија и во најчувствителните области, посочи Лавров.

Тој додаде „ако сакате мир, подгответе се за војна“.

Претходно, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, по посетата на Москва, изјави дека Европската унија и Русија се наоѓаат во историска пресвртница во прашањето за меѓусебните односи.

Според него во одредени моменти имал многу напнати разговори со Лавров и дека состанокот и некои пораки од руски официјални лица покажале дека Европа и Русија се оддалечуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.