Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го повтори ставот на Москва дека Русија ќе преземе соодветни мерки доколку не добие конструктивен одговор од САД и НАТО околу барањата да добие безбедносни гаранции.

Москва нема да дозволи прашањата за Украина и бараните безбедносни гаранции од страна на Русија да бидат предмет на бескрајни дискусии, во кои ќе бидат вклучени Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) или Европската Унија – изјави Лавров во својот говор пред Долниот дом на рускиот Парламент.

Русија очекува оваа недела Вашингтон писмено да одговори на нејзините предлози за безбедносни гаранции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.