Горила и два лавови од Зоолошката градина во Прага се позитивни на коронавирус, објави директорот.

-Утврдено е дека лавовите Џамван и Суши, како и горилата Ричард се позитивни на коронавирус. Симпромите им се благи, кашлаат, а Ричард е изморен и го изгуби апетитет, напишал директорот на Зоолошката градина, Мирослав Бобек.

Директорот додал дека животните најверојатно се заразиле преку вработените и најавил дека и останатите животни ќе бидат тестирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.