Четворица планинари веќе три дена се водат како исчезнати во планинскиот венец Абруцо, недалеку од Рим. Како што соопшти италијанската служба за спасување, планинарите најверојатно биле однесени од лавина.

Четворицата планинари, од градот Авецано, исчезнале додека се движеле по снег и мраз на планината Велино, објави агенцијата АНСА.

Напорите за нивно спасување се запрени поради обилниот снег што ноќеска наврнал во таа област, поради што дури и специјално обучените кучиња имале проблеми во портагата. Поради натрупаниот снег, и спасувачките екипи се соочуваат со ризик да бидат однесени од лавина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.