Смртниот биланс од силниот тајфун Лакима, која ја погоди источна Кина се искачи на 28 лица, додека 20 се сметаат за исчезнати.

Обилните дождови, исто така, предизвикаа лизгање на земјиштето, а повеќе од милион луѓе се евакуирани.

Тајфунот Лекима, кој ја погоди источната провинција Џејијанг, со налети на ветрот до 187 километри на час, предизвика нарушувања во сообраќајот бидејќи илјадници летови и железничките поаѓања беа откажани.

Како резултат на тајфунот, уништени се 173.000 хектари посеви и 34.000 домаќинства во Џејијанг, соопштија локалните власти.

Се проценува дека тајфунот предизвикал штета од две милијарди долари, информира Синхуа.

Лекима, деветти тајфун во Кина оваа година, се движи кон север и се очекува дека ќе го погоди брегот во Шандонг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.