Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека на Самитот на Г-7 ќе се разговара за обнова на економијата од последиците од кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

Пред тридневниот Самит на Г-7, што утре почнува во Велика Британија, Лајен истакна дека растот на економијата во голема мера зависи од меѓународната соработка.

Ние сме отворена економија и нашето подобрување ќе зависи од одговорот на нашите партнери на кризата. Очекувам дека на Самитот на Г-7 ќе биде потврдено оти ќе се продолжи паралелениот пристап и фискалната поддршка на економијата – порача Лајен.

Таа додаде дека вложувањата во обнова на економијата на Европска Унија од 2020 до 2022 година ќе изнесува 18 проценти од вкупниот европски бруто домашен производ, што е еквавилентно на 20 отсто вложувања во САД во истиот период.

Според Лајен, ЕУ подобро одговорила на актуелната економска криза во споредба со кризата во 2008 година и оти развиени се начини за брзо дејствување, отпорност и превенција на ризиците.

Сакаме отворено општество и економска размена, но не по секоја цена. ЕУ инсистира на соработка занована на демократските вредности и почитување на фундаменталните права. Кина и Русија загрижуваат кога станува збор за тие области, а Г-7 конечно се повторно обединети и одлучни да ги бранат нашите вредности – истакна фон дер Лајен.

Според неа враќањето на САД како партнер овозможува зајакнување на глобалниот мултилатерализам и заштита на заедничките вредности на Г-7. ми/

2021-06-10 12:55:58, од Марина Илиевска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.