Во една лабораторија во Англија било прекинато тестирањето за корона вирус, откако дошло до сомнеж дека 43.000 луѓе можеби добиле неточни резултати на тестовите.

Покрената е истрага веднаш штом се појавиле информациите за луѓе кои добиле негативни резултати од ПЦР тестот во лабораторија во Вулверхемптон, откако претходно биле позитивни на уредот со кој се спроведува тестирање.

Се проценува дека во таа лабораторија биле спроведени 400.000 тестирања и дека околу 43.000 луѓе добиле неточни резултати во периодот од 8 септември до 12 октомври.

Како резултат на нашата истрага, работиме со компанијата „НХС Тест енд Трес“ (NHS Test and Trace) за да ги утврдиме лабораториските технички проблеми што доведоа до тоа луѓето да добијат неточни резултати од ПЦР тестот – соопшти Вил Велфер од британската Агенција за здравствена безбедност.

Од клиниката во чија лабораторија се откриени погрешни резултати, велат дека целосно соработуваат со Агенцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.