Австрискиот канцелар Себастијан Курц ја прогласи вакцината против корона вирусот за „најдобриот Божиќен подарок“.

Курц истакна дека се уште верува дека до лето животот ќе се врати во нормала.

Светската економска криза силно ги погодува сите земји и не ја заобиколува ниту Австрија. Нашата голема цел е што побрзо да се вратиме во нормала со вакцината. Најдобриот Божиќен подарок оваа година доаѓа на 27 декември, а тоа е вакцината – рече Курц во интервју за „Кронен цајтунг“.

Тој изрази верување дека до крајот на март во Австрија ќе бидат вакцинирани половина милион луѓе, а значително повеќе луѓе до летото, по што економијата повторно ќе почне да расте, а со тоа и вработувањата.

На прашањето дали третиот „лок-даун“ во земјата ќе биде и последен, Курц порача дека не може да одговори на тоа, но оти е јасно дека колку повеќе луѓе редовно се тестираат, толку помалку ограничувања ќе има.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.