Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги предупреди граѓаните на Австрија денеска уште еднаш да не патуваат во земјите од Западен Балкан и да не плаќаат таму за тестирање за ковид-19.

Ве повикувам да се придржувате до предупредувањата за патувања. Секојдневно имаме се повеќе случаи на заболени, чие потекло може да се поврзе со Западен Балкан, пишува Курц, потенцирајќи дека австриските граѓани треба да се воздржат од патување кон Западен Балкан.


Австрискиот канцелар исто така се повика на обврските на работодавците, повикувајќи ги да обезбедат усогласеност со карантинот од 14 дена по патувањето.

Покрај тоа, тој ја доведе во прашање валидноста на ефтините тестови за ковид-19 на дестинациите за одмор во Западен Балкан, кои им овозможуваат на австриските граѓани да се движат слободно откако ќе се вратат во Австрија.

Тестирањето за ковид-19 на меѓународниот аеродром во Виена е алтернатива и чини 190 евра по човек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.