Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изрази загриженост за „длабоките поделби во Европската унија“, по повод разговорите што беа одржани на самитот на ЕУ за Русија и за законите за ЛГБТ заедницата во Унгарија.

Тој рече дека не е проблем ако има различни ставови за внатрешно-политички теми, но би било проблем во надворешната политика.

Ако не сме обединети во надворешната политика, тогаш тоа е лошо. Тоа ја ослабува ЕУ – нагласи Курц.

Во однос на Русија, тој изрази разочарување што нема храбра одлука.

Неопходна е стратегија на ЕУ кон Русија. ЕУ не може да чека ако се сретнат американскиот и рускиот претседател. ЕУ е непосреден географски сосед на Русија – рече Курц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.