Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска истакна дека не смее да има „геополитички табуа“ при одобрувањето на вакцините против Ковид-19.

Европската агенција за лекови треба, се разбира, да размисли за одобрување на кинеските и руските вакцини веднаш штом ќе се поднесе барање за тоа, нагласи Курц во изјавата за агенцијата АПА.

Тој истакна дека во борбата против пандемијата е важна секоја вакцина што е ефикасна и одобрена и додаде дека успесите на компаниите Бионтек/Фајзер и Модерна во развојот на вакцината се подеднакво значајни како и на АстраЗенека или на руски и кинески компании.

 Само заедно, преку меѓународна соработка, ќе можеме да ја победиме оваа пандемија, подвлече Курц.

Во Австрија последните денови се зголемуваат барањата за постигнување договор за набавка на руската вакцина Спутник V, бидејќи западните компании доцнат со испораката на своите вакцини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.