За Австрија ќе претставува голема чест доколку претседателите на Русија и Соединетите Американски Држави одлучат да се сретнат во Виена, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц, пренесува агенцијата ТАСС.

Австрија веќе е во контакт со Русија и САД за потенцијална средба меѓу Џо Бајден и Владимир Путин, рече Курц.

Во интервју за германскиот портал „Пионир” тој вели дека Австрија не се однесува како медијатор.

Но, секогаш има неутрални земји кои се избрани за дијалог и преговори – рече Курц.

Според него, и за Европа и за светот е добро да се одржи ваква средба.

Локацијата не е важна, но секако, ако се одржи во Австрија, во Виена, тоа ќе биде голема чест за нас, истакна австрискиот канцелар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.