Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година.

До следното лето, од денешна гледна точка, можеме да се вратиме во нормала“, рече Курц во изјавата за австрискиот јавен сервис ОРФ.

Тој не исклучи воведување на целосен или делумен карантин во Австрија.

Курц посочи дека има многу земји со значително поголем број заразени лица, каде што училиштата и рестораните се повторно затворени и воведена е забрана за излез од регионот.

Сакаме да го спречиме тоа во Австрија, ако е можно, рече Курц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.