Австрискиот канцелар Себастијан Курц остро ја критикуваше Европската агенција за лекови (ЕМА), барајќи побрзо издавање на одобренија за вакцини против корона вирусot.

Не може вакцината да се одобрува побрзо во други земји отколку ЕМА – изјави  Курц.

Како причина за критика, Курц го посочи одобрението за вакцината на компанијата „Џонсон и Џонсон“ во САД.

ЕМА сега е повикана да ја одобри вакцината „Џонсон и Џонсон“ што е можно побрзо и небирократски, во согласност со сите научни стандарди – изјави Курц.

Австрискиот Канцелар процени дека вакцината може да донесе пресврт во борбата против пандемијата, бидејќи се зема само една доза за целосна имунизација и може да се чува во обичен фрижидер.

Курц додаде и дека вакцината има висок ефект против тешки форми на Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.