Уверени сме дека во вчерашниот повик Владимир Путин слушна некои многу јасни и силни сигнали поврзани со руската ескалација долж границата со Украина и во регионот. Во неколку наврати нашите американски партнери веќе ѝ ставија до знаење на Москва дека секоја понатамошна воена авантура ќе има исклучително висока цена. Сигурни сме дека овој повик не беше исклучок. Самиот контакт служи за одвраќање и деескалација – коментира министерот за надворешни работи на Украина, Дмитрo Кулеба за телефонскиот разговор меѓу претседателите на САД Џо Бајден и Русија Владимир Путин на 7 декември.

Го цениме клучниот дипломатски ангажман на САД во напорите да ја вратат Русија на преговарачката маса. Украина и САД остануваат сигурни стратешки партнери и уживаме високо ниво на доверба. Американската страна детално ја информираше Украина за претстојниот повик и неговите клучни елементи. Сега работиме на подготовка на повик меѓу претседателите Володимир Зеленскиј и Џо Бајден каде што лидерите ќе можат да разговараат за понатамошната координација на Украина, САД и европските партнери за одвраќање на Русија и ревитализација на мировните преговори во Нормандискиот формат. Украина е цврсто посветена на барање политички и дипломатски решенија за руско-украинскиот конфликт. Во моментов, бидејќи гледаме јасен недостаток на конструктивност на руската страна, главен приоритет е ефективно да се спроведе сеопфатниот пакет за одвраќање за да се демотивира Русија од понатамошна воена ескалација. Ние тесно соработуваме со нашите сојузници од двете страни на Атлантикот за да го постигнеме тоа – вели Кулеба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.