Верното куче 20 дена го чека својот газда пред вратите на една болница во главниот град на Ерменија.

Ерменски доброволец повреден во борбите во Нагорно Карабах, Ромик Ахекјан, го спасил куче кога шетајќи со пријател во една напуштена зграда го пронашол оковано со ланец.

Човекот го однел песот во својот камп, го нахранил и излечил. Од тогаш, четириножниот пријател никогаш не го напуштил својот спасител.

Неколку пати ни го спаси животот. Чувствуваше кога граната оди кон нас. Влегуваше внатре и лаеше. Кога бев ранет, трчаше по возилото на итната помош. И сега остана тука. Кога ќе си одам дома, ќе го земам со мене, не го давам никому – вели Ахекјан.

Кучето пред болницата е третирано како вистинска атракција, а персоналот го храни додека да излезе неговиот најдобар пријател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.