Куба планира од почетокот на следната година да укине една од двете валути, информира претседателот, Мигуел Дијаз-Канел.

Од 1 јануари во оптек ќе биде само една валута, пезос. Обединувањето на валутата ќе создаде подобри услови за гарантирање еднакви можности и социјална правда за сите граѓани на Куба – изјави Дијаз-Канел на државната телевизија .

Курсот на валутата ќе биде 24 пезоси за еден американски долар.

Карипската држава од 1994 година има систем на двојна валута. Покрај официјалната национална валута, пезос, во платежните трансакции, главно од странските туристи, се користи и конвертабилниот пезос и неговата вредност приближно е еквивалентна на американскиот долар.

Куба во јули, поради недостигот од приходи од туризмот за време на пандемијата на корона вирусот, го укина 10-процентиот данок за купување долари, што беше во сила од 2004 година. Оттогаш, одредени производи во некои продавници можат да се плаќаат и со картичка во американска валута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.