Во Салцбург имало пукање, во кое убиен бил 46-годишниот Самир Халкиќ и лесно повреден неговиот 24-годишен син Џенис Халкиќ. На пукањето му претходела прослава во едно кафуле по повод раѓањето на второто дете на Џенис.

Меѓутоа, еден од гостите, инаку локален мештанин, почнал во еден момент да ги навредува членовите на семејството Халкиќ, па пред локалот извадил пиштол и почнал да пука.

Насилникот прво му удрил шлаканица на Џенис, а за да ги реши несогласувањата со човекот со кој таа вечер првпат се видел, го повикал татко му Самир и заедно излегле пред локалот.

Потоа напаѓачот, за кој сведоците рекле дека по потекло е од Албанија, извадил оружје и почнал да пука кон Халкиќ.

Еден куршум го погодил Самир во нога, а еден во срце, што за него било кобно бидејќи истиот момент се срушил на земја и починал. Еден куршум ја погодил ногата и на Џенис, но момчето било пренесено во најблиската болница и неговата состојба е стабилна и тој не е во животна опасност.

Напаѓачот потоа избегал во непознат правец и полицијата од вторникот интензивно трага по него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.