Пет членови на едно семејство загинаа во пукање во Сан Диего.

Според првичните информации, загинале три деца, додека едно (на 11-годишна возраст) било пренесено во болница и лекарите се борат за неговиот живот. Во тек е операција.

На самото место загинале тригодишно момче, 29-годишна жена и маж на возраст од 31 година. Уште две момчиња на возраст од 5 и 9 години починале во болница.

Лицето кое се јавило во полиција не кажало ништо, но во позадина се слушала расправија. Полицијата веднаш се упатила кон местото на настанот, а во меѓувреме следела уште една пријава од соседството. Потоа се слушнале истрели.

Кога полициските екипи пристигнале до куќата, тропнале на вратата, но никој не отворил. Потоа пошле до прозорецот и виделе дете како лежи во крв.

Првичните резултати од истрагата покажуваат сомнежи дека еден од настраданите членови на семејството ги убил другите, а потоа си пресудил и себеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.