Околу 20 лица, меѓу кои жени и деца, загинале, а десетици се повредени во напад на пазар во шиитско предградие на Багдад, во пресрет на Курбан Бајрам.
На пазарот Ал-Воејлат е извршен напад со рачно изработена бомба, при што има загинати – соопшти Министерството за внатрешни работи.
Висок воен службеник изјави дека најмалку 18 лица се убиени, додека медицински извор соопшти дека загинале 23 луѓе, а околу 30 биле повредени.
Два безбедносни извори изјавиле за западните медиуми дека станува збор за самоубиствен бомбашки напад.
Експлозијата одекна доцна попладне на популарниот пазар на Садр Сити, голема шиитска област во источен Багдад, каде многу луѓе купувале пред муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
Досега никој не преземал одговорноста за нападот, а оперативната команда на безбедносните сили на Багдад почна истрага.
Тоа е првиот напад од јануари кога 32 лица беа убиени на еден пазар во центарот на Багдад. Тогаш првиот напаѓач го активира експлозивниот појас, а вториот чекал луѓето да дојдат да им помогнат на повредените, по што го активирал експлозивот. Одговорноста за тој инцидент ја презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.