Кремљ е „навистина загрижен“ поради забележаните истекувања на гасоводите Северен поток еден и Северен поток два, оценувајќи дека не треба да биде исклучена ниту една претпоставка, вклучително и саботажа.

– Ние навистина сме загрижени поради вестите, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На прашањето дали е можно да се работи за саботажа, тој одговори дека не може да биде исклучена ниту една опција.

Шведските власти денеска соопштија дека се издадени предупредувања поради два случаја на истекување на гасоводот Северен поток еден во шведските и данските води, еден ден откако беше пријавено истекување од Северен поток два“. Во моментот и двата гасовода не се во функција, но во цевките има гас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.