Кремљ му посакува на опозицискиот политичар, Алексеј Навални „брзо закрепнување“, рече во четвртокот портпаролот, Дмитриј Песков.

Песков истакна дека лекарите сè уште чекаат конечни резултати за да дознаат што се случило со Навални. Тој додаде дека ако Навални навистина е отруен, ќе се спроведе истрага.

Претходно, портпаролот на Навални изјави дека полицијата се наоѓала во болницата каде лежел во кома по претпоставено труење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.