Кремљ денеска ги повика Русите да бидат „поодговорни“ и да се вакцинираат против Ковид-19 во услови на широка недоверба во вакцините и ограничени анти-ковид мерки.

Ние сме навикнати да ја обвинуваме државата за се. Но, во исто време, однесувањето на граѓаните на земјата мора да биде поодговорно, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Русија денеска повторно регистрира нов црн рекорд со 1.015 нови смртни случаи од Ковид-19 за 24 часа, со што официјалниот број на починати достигна 225.325, со што Русија е на прво место по смртност од коронавирусот.

Само 35 проценти од Русите досега се целосно вакцинирани, и покрај апелите од властите за имунизација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.