Позади рушењето на претседателот на Боливија Ево Моралес стои водачот на организацијата „Канвас“, Срѓан Поповиќ, пишува „Република.рс“. Некогашниот лидер на организацијата „Отпор“ кој на „демократски“ начин сруши многу влади во светот стои и зад пучот во Боливија.

Република.рс наведува дека Срѓа Поповиќ е продолжена рака на ЦИА кој веќе има испробан рецепт како да симне од власти легитимно избрани претставници на народот и да донесе послушници на Западот.

Дека Поповиќ стои зад немирите во Боливија докажува и фотографијата на која тој е со водачот на немирите Ханизе Вака Даза, која ја поминала обуката на Канвас

Срѓа Поповиќ дури има и објавено книга во која детално е напишано на кој начин може да се симне една власт наречена „Мустра за револуција“.

Многу од тие примери се искористени за протестите на Шарената револуција во Скопје, како што е фарбањето со боја, излевањето канти со црвена течност која симболизира човечка крв, кампувањето пред државните институции.

Луѓе блиски до Поповиќ на почетокот ги предводеа протестите во Скопје давајќи им прецизни инструкции на кој начин да демонтрираат. Иако лидерите на „шарените“ тоа го негираа сличностите со начинот на делување на „Канвас„ и „Отпор“ беа премногу очигледни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.