Кратер со длабочина од 43 метри, а широк 200 метри – ова е она што останува по експлозијата во либанската престолнина Бејрут, објави телевизијата Скај нјуз Арарбија, повикувајќи се на либански полициски извори.

Катастрофална експлозија се случи во Бејрут на 4 август во близина на пристаништето недалеку од либанската поморска база. Загинале 158 лица, а шест илјади се повредени. Ударниот бран на експлозијата уништи и оштети десетици куќи и автомобили, а прозорците се искршени во многу делови на градот.

Според локалните власти, причина за експлозијата била детонацијата на 2.750 тони амониум нитрат ( шалитра ) кој бил складиран во пристаништето откако бил запленет во 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.