Пораката на Кралицата доаѓа во време кога бројот на жртви од коронавирусот во Велика Британија речиси достигна 5.000.

Кралицата Елизабета рече дека Велика Британија „ќе успее“ во нејзината борба против пандемијата на коронавирусот, во вонредно обраќање до нацијата.

Во еден од нејзините ретки обраќања, таа се заблагодари на луѓето што ги следат правилата на владата да останат дома и ги пофали тие што помагаат на другите.

Кралицата се заблагодари и на работниците, велејќи дека „секој час“ поминат во работа “не носи кон враќање на понормални времиња“.

Иако сме се соочиле со предизвици и претходно, овој е различен“, рече Кралицата.

„Овој пат се придржуваме на сите нации низ светот со заеднички проблем, користејќи ги големите напредоци во науката и нашата инстиктивна грижа за да се излекуваме. Ќе успееме – и тој успех ќе припаѓа на секој од нас. Треба да најдеме комфорт во тоа што иако имаме уште работи кои мораме да ги издржиме, подобри денови ќе се вратат: ќе бидеме со нашите пријатели повторно, ќе бидеме со нашите фамилии повторно, ќе се сретнеме повторно“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.