Повеќе од 18.000 случаи на Ковид-19 се потврдени во Cеверна Кореја, објави денеска новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на Корејската централна телеграфска агенција (CTAC).

Шест пациенти починале како резултат на инфекција со коронавирус во Cеверна Кореја, се вели во извештајот.

Во четвртокот, CTAC објави дека подваријантата на Омикрон, позната и како Стелт омикрон, е откриена во Cеверна Кореја.

Во врска со ова беше свикан состанок на Политбирото на Централниот комитет на Корејската работничка партија, на кој присуствуваше и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Тој нареди воведување карантин во сите градови и окрузи во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.