Илјадници купувачи во Вухан ги преплавија продавниците во паника, бидејќи во градот за прв пат по една година се регистрирани нови случаи на заразени со коронавирус.

Жителите за кратко време ја разграбаа стоката од полиците на супермаркетите. Тие стравуваат дека поради зголемувањето на бројот на новозаразени, повторно ќе има затворање. Тие сакаат да се обезбедат навреме и да ги снабдат своите домаќинства со намирници и потреби за домаќинството, пренесуваат светските агенции.

Официјалните лица се обидоа да ја смират ситуацијата, велејќи дека продавниците ветуваат дека нивната понуда на стоки ќе биде стабилна.

Во продавниците може да се видат и празни полици, бидејќи некои предмети биле разграбани.

Масовно тестирање започна во градот каде што болеста за прв пат беше откриена кон крајот на 2019 година.

Главниот град на провинцијата во централна Кина, каде живеат 11 милиони луѓе, ќе го тестира целото население, поради 8 новозаразени случаи со коронавирус.

Во Вухан, немаше пријавено нови случаи на коронавус од средината на мај минатата година.

Неговото строго, но успешно затворање од 76 дена го шокираше светот, но тој рецепт наскоро го применија и другите земји во светот.

Кина го намали локалниот пренос на коронавирусот на речиси нула, дозволувајќи и на економијата да закрепне и животот да се врати во нормала во голема мера.

Но, новата епидемија со делта-сојот ги загрози ваквите резултати, бидејќи делта-сојот се прошири во 20 градови во повеќе провинции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.