Според податоците објавени од Универзитетот Џон Хопкинс, лидер во оваа област, ковид-19 досега однесе повеќе американски животи отколку шпанскиот грип од 1918-1919 година. Повеќе од 675.700 луѓе заразени со новиот коронавирус починаа во Соединетите Држави, според најновите податоци од институтот во понеделникот вечер.
Историчарите и Центарот за превенција и контрола на болести, главната американска агенција за јавно здравје, проценуваат дека шпанскиот грип убил најмалку 50 милиони луѓе ширум светот, од кои 675.000 во Соединетите Држави.
Така, шпанскиот грип, барем во апсолутна вредност, ја загуби титулата најлоша пандемија во поновата историја на САД во понеделникот.
Но, за разлика од ковид-19, оваа пандемија особено сериозно ги покосила возрасните групи кои требало да бидат здрави, како што се децата под 5 години и луѓето помеѓу 20 и 40 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.