Во далечната островска држава Кирибати е воведен локдаун откако патници на првиот меѓународен лет во последните 10 месеци биле позитивни на ковид-19.

На граѓаните им е издадена наредба да останат дома, а социјални собири се забранети, пренесува “BBC”.

Мерките се воведени откако 36 луѓе на летот од Фиџи биле тестирани позитивно.

До минатата недела на Кирибати биле потврдени само два случаи на Ковид-19.

Кирибати е еден од најизолираните острови на светот, оддалечен на некои 5.000 километри од најблискиот континент, Северна Америка.

Ова е прв локдаун воведен на оваа островска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.