Во администрацијата на претседателот Доналд Трамп не ја исклучуваат можноста поради пандемијата на коронавирус невработеноста во земјата да порасне до 20 проценти.

Некои американски медиуми пренесоа изјава на Кевин Хасет, економски советник на Трамп, според која на почетокот на летото невработеноста во САД може да достигне од 16 до 20 проценти.

Во моментов 26.5 милиони Американци се регистрирале во Заводите за вработување како невработени и добиваат исплати затоа што биле отпуштени од работат. Но, ова е официјалната статистики.

Според некои истражувања, тројца од десетмина не успеале да се регистрираат, додека уште двајца не се ни обиделе да го сторат тоа во екот на кризата. Така што реалната бројка на невработеност е многу поголема.

Поради затворените бизниси како последица на карантинот во многу сојузни држави, САД се наоѓаат во можеби најголемата економска криза после Големата депресија во 1929-33 година.

Според Управата за буџет во американскиот Конгрес, невработеноста во САД ќе се зголеми од 3.8 проценти во првото тримесечје, до 14 проценти во второто. Потоа, во третото тримесечје таа се предвидува да изнесува 16 проценти, и да се намали кон крајот на годината до 10.1 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.