Властите во тихокеанската островска држава Самоа го регистрираа првиот случај на корона вирус во архипелагот.

Како што изјави премиерот Туилепа Саилеле Маилелегаои, првиот кој бил заразен е морнар кој се вратил дома од градот Окланд на Нов Зеланд и во моментот е во карантин.

Премиерот Маилелегаои ги повика своите сонародници да ги почитуваат безбедносните мерки и да носат маски.

Иако во земјата немаше случаи на Ковид-19, во Самоа е прогласена вонредна состојба од 26 март. За кршење на санитарните и епидемиолошките барања, глобата е 7,5 илјади американски долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.