Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 964.639 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 49.242, а оздравеле 203.274 луѓе.

– Од половина од човештвото е побарано да остане дома поради пандемијата на новиот коронавирус.

– Бројот на смртни случаи во Холандија се зголеми за 166 на 1.339, соопштија здравствените власти. Бројот на заразени е зголемен за осум проценти на 14.697.

– Италиjaнскиот производител на луксузни автомобили Ламборгини денеска соопшти дека почнал да произведува маски и медицински визири.

– Саудиските власти од денеска воведоа 24-часовен полициски час во Мека и Медина.

– Автоиндустријата во Романија сака да учествува во производство на опрема и медицински производи, како маски, комбинезони и средства за дезинфекција, и ќе учествува во проект за создавање на респиратор, наменет за болните од Ковид-19.

– Франција ќе национализира стратешки компании, ако е неопходно, за да ги заштити од влијанието на кризата со коронавирусот.

– Американската агенција за кризни ситуации (FEMA) нарача од Министерството за одбрана 100.000 вреќи за тела. Во САД се очекуваат меѓу 100 и 200 илјади починати од коронавирусот.

– Девет водечки европски универзитетски болници предупредија дека за две недели ќе недостасуваат основни лекови за лекување на пациенти кои се тешко болни од Ковид-

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.