Претседателот на британската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, денеска ја претстави програмата на својата партија ветувајќи радикални промени и нов договор за Брегзит, доколку победи на вонредните парламентарни избори закажани за 12 декември.

Програмата на лабуристите, што е оценета како премногу левичарска, предвидува серија национализации, а за Брегзит се наведува нов договор со Европската унија (ЕУ).

Корбин рече дека граѓаните треба да гласаат за тој договор на референдумот што би бил организиран во рок од шест месеци.

На тоа гласање Британците ќе можат да одлучат дали се за договор за Брегзит или за останување на земјата во ЕУ.

Според анкетите, лабуристичката партија засега е втора далеку зад владеачката Конзервативна партија на прмиерот Борос Џонсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.