На пленарната сесија во Стразбур денес е конституиран новиот деветти по ред Европскиот парламент.

Деветтиот законодавен дом на Европскиот парламент од првите директни избори од 1979 година започнува со работа денеска. Тој брои 751 пратеник од 190 политички партии од 28 земји-членки, 61 oтсто се нови пратеници од нив 60 отсто се мажи и 40 отсто се жени.

Деветтиот законодавен дом на Европскиот парламент беше официјално отворен ова утро во 10 часот наутро во Стразбур од страна на претседателот во заминување Антонио Тајани.

Изборот на новиот претседател на Парламентот ќе започне утре наутро во 9 часот. Номинациите мора да бидат поднесени од страна на политичките групи или од најмалку 1/20 од пратениците до 22:00 вечерва. Осум пребројувачи кои беа извлечени ова утро ќе го надгледуваат гласањето.

Најмладиот европратеник е Кира Мари Петер-Хансен од Данска (21година ), а најстариот европратеник е Силвио Берлускони од Италија (82години).

Новиот парламент е составен од седум политички групи (една помалку отколку во претходното законодавство). Членовите кои не се приклучија на политичка група се сметаат за независни, но можат подоцна да одлучат да се приклучат кон групата. Од 2009 година, во согласност со деловникот за работа на парламентот, политичката група мора да биде составена од најмалку 25 членови од најмалку седум земји-членки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.