Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за сослушување за наредбата на претседателот Доналд Трамп во Ирак да се убие висок ирански генерал.

Јавното сослушување на Помпео е закажано на 29 јануари.

Оценувам дека Вашето сведочење е исклучително важно и подготвен сум да ги искористам сите легални средства за да го обезбедам Вашето присуство, се наведува во писмото на претседавачот со Одборот, демократот Елиот Енгел испратено до Помпео.

Одборот, каде демократите имаат мнозинство, соопшти дека Помпео е повикан да сведочи откако поголем број членови на Конгресот, вклучително и републиканците бараа повеќе информации за убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во Багдад.

Тоа е вторпат Помпео да се биде повикан да сведочи пред Одборот. Првото сослушување беше закажано на 14 јануари, но Помпео не се појави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.